среда, 18 септември 2024

ФБИ: Се чини дека имало обид за атентат врз Трамп

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се наоѓа на безбедно откако неколку истрели беа испукани во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истрелите дошле од другата страна на теренот за голф, велат изворите.

Агентите на тајната служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое вперило оружје кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп, додека тој играл голф. ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

Еден од агентите видел автоматска пушка чиј врв излегува од грмушка во близина на теренот за голф, една дупка над местото каде што бил Трамп во тоа време.

Агентите на тајната служба испукале најмалку четири рунди муниција кон осомничениот. Мажот потоа ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил.

Oчевидец успеал да го фотографира автомобилот и регистарските таблички, изјави локалниот шериф. Била организирана брза потера и осомничениот бил уапсен во соседната населба.

Тој е идентификуван како Рајан Весли Раут, објави Асошиетед прес, цитирајќи тројца официјални лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ