вторник, 22 октомври 2024

ФБИ: Кампањата на Камала Харис била цел на „операции на влијание од странски актери“

Кампањата на демократската кандидатка за претседател на САД, Камала Харис, соопшти дека минатиот месец ФБИ ја известила дека била цел на „операции на влијание од странски актери“, што значи координирана активност на странски земји, организации или поединци за влијание врз домашните работи, јавното мислење или политички процеси во друга земја, изјави претставник на кампањата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме силни мерки за сајбер-безбедност и не сме свесни за какво било нарушување на безбедноста на нашите системи“, рече претставникот, според Ројтерс.

ФБИ во понеделникот соопшти дека отворила истрага за наводите од кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека поранешниот претседател бил цел на хакери кои работеле за иранската влада.

Кампањата на Трамп го обвини Иран и се осврна на извештајот на истражувачите на Мајкрософт во петокот кој укажува дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да упаднат во сметката на „висок функционер“ во американската претседателска кампања.

Иранските власти негираат каква било поврзаност со обвинувањата за хакирање, а американската влада официјално не го обвини Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ