ФБИ соопшти дека е во контакт со Министерството за правда и другите федерални власти во врска со „навредливите и расистички пораки“. „Таквото однесување не е нормално. И ние одбиваме да дозволиме да биде така“, рече Дерик Џонсон, претседател на НААЦП, организација која се залага за расна правда и правата на црнците во САД.
Меѓу оние кои ја примиле пораката имало средношколци и студенти, објави Асошиетед прес. Џонсон тврди дека пораките се одраз на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во вторник.
Многу Афроамериканци стравуваат од влошување на човековите права откако Трамп вети дека ќе стави крај на федералните програми за еднаквост и инклузија. Новоизбраниот претседател негира дека е расист и рече дека неговата економска програма ќе им користи на сите, вклучително и на Афроамериканците.
Според излезните анкети, Трамп доби значително поголема поддршка меѓу црните гласачи на овогодинешните избори отколку пред четири години.
Џонсон рече дека пораките „претставуваат вознемирувачки пораст на грдата и одвратна реторика, која ја шират низ целата земја расистичките групи, кои сега се чувствуваат охрабрени да шират омраза и да го разгоруваат стравот што многумина од нас го чувствуваат по изборните резултати во вторникот“.