петок, 18 октомври 2024

Фаворитите без проблеми, победи за Ливерпул, Рома и Брајтон во Лига Европа (ВИДЕО)

Фаворитите без проблеми дојдоа до победи во Лига Европа, Ливерпул со 5-1 го совлада Тулуз, Брајтон со 2-0 славеше над Ајакс, Рома со 2-0 беше подобра од Славија Прага.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул поведе уште во деветата минута со гол на Диого Жота, но само седум минути подоцна Далинга изедначи на 1-1.

Но, не помина долго, црвените го вратија водството, Ендо во 30. минута даде гол за 2-1, а четири минути подоцна Нуњез погоди за 3-1. Во второто полувреме погодија и Гравенберх и Салах за конечни 5-1.

Брајтон со голови на Жоао Педро и Ансу Фати дојде до победа од 2-0 над Ајакс.

Со ист резултат славеше и Рома која со головите на Бове и Лукаку дојде до триумф над Славија Прага.

Резултати 3. коло Лига Европа:

Арис – Бетис 0-1

Марсеј – АЕК 3-1

Молде – Хакен 5-1

Олимпијакос – Вест Хем 2-1

Раков – Спортинг 1-1

Спарта Прага – Ренџерс 0-0

Штурм – Аталанта 2-2

ТСЦ Бачка Топола – Фрајбург -3

Рома – Славија Прага 2-0

Баер Леверкузен – Карабак 5-1

Брајтон – Ајакс 2-0

Ливерпул – Тулуз 5-1

Панатенаикос – Рен 1-2

Ројал Унион – ЛАСК 2-1

Шериф – Сервет 1-1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ