сабота, 27 јули 2024

Фатиме Фетаи: Време е за ремонт!

Потребен е ремонт, генерален реизбор на сите судии и јавни обвинители во втор и трет степен, односно реизбор на апелационите и врховни судии и вишите обвинители од државното обвинителство, изјави обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на дебатата „Изборот и напредувањето во правосудните институции – преку поголема транспарентност и квалитет, до зголемување на довербата на граѓаните во правосудството“.

Објавено на

часот

Сподели

„Потребен е ремонт, генерален реизбор на сите судии и јавни обвинители во втор и во трет степен. Како би одел тој реизбор, има неколку точки. Прво постепено, по една третина, тоа да не биде само формално. Што да бараме со тој реизбор – стручност, меѓутоа и докажан интегритет и покажани резултати во работењето“, рече Фетаи и додаде дека ни се потребни правници кои имаат способност да ја применуваат правната рамка, духот на правото и на општествените вредности кои правото ги штити.

Странските експерти порачаа дека во правосудството може да бидат само најдобрите правници кои се отпорни на влијание. Велат, поради строгите критериуми во Германија, судиите и обвинителите уживаат доверба поголема и од свештениците. 

Поголема транспарентност во работата на Судскиот совет, јасни и прецизни законски одредби со кои ќе се регулира постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, законски одредби за одговорност на членовите на Судскиот совет што ги избира Собранието и нивна можност за разрешување од органот кој ги избрал, транспарентност на правосудството што ќе подразбира да може да биде извршена граѓанската контрола, беа само дел од препораките и заклучоците на дебатата.

На дебатата учествуваше и заменик министерката Викторија Аврамовска Мадиќ, но таа не ги слушна ставовите на фелата бидејќи замина од дебатата по нејзиното обраќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ