Кривичното дело тешка кражба е извршено во продажен објект, од каде сторителот одзел каса со пари. Поради постоење сомневање дека е сторител на делата, денеска од слобода е лишен Е.Р. (37) од Кочани. Во службен разговор со осомничениот, тој ги признал сите кривични дела, а дополнително признал дека извршил и пет тешки кражби и една кражба извршени на почетокот на април 2024, исто така во Кочани. По документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Фатени крадци во Кочани
Полицијата од Кочани и Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, пет тешки кражби во обид и една тешка кражба, извршени ноќта на 21 и 22 април во Кочани. Кривичните дела тешка кражба во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче’’, сопственост на општина Кочани, во која имало три службени простории: една на Црвен крст, една на Центарот за социјални работи и една на пратеникот М.Л. (45) од Кочани, како и во правно лице за брзи кредити и еден продажен објект.

Објавено на
часот