Осомничениот признал дека на 11 април од деловни простории, сопственост на правно лице во Струмица, украл лап топ компјутери и ги продал. По преземени мерки, украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.
Истиот ден постапувајки по судска наредба струмичката полиција извршила претрес и во домот во кој престојувал О.Х. (40) од Струмица, при што биле пронајдени часовници, парфеми и други предмети, кои потекнуваат од кражба извршена на 18 април.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.