четврток, 24 октомври 2024

Фатена осуденичка барана со потерница

Вчера во 16.25 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги  при СВР Скопје на бул. Киро Глигоров во Скопје ја лишија од слобода Ј.Р.(40) од  Велес, со престој во Свети Николе.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, таа се барала по централна потерница распишана врз основа на наредба од Основен суд Свети Николе за издржување на казна затвор во врска со чл.391 ст.1 од Кривичниот законик (лажно претставување како службено лице).

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ