При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило фолксваген пасат со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението од МВР.