сабота, 27 јули 2024
Во Хрватска

Интерпол го уапси, па го ослободи ексразузнавачот и бегалец Горан Грујевски

Министерството за внатрешни работи вчера добило известување од Интерпол-Хрватска дека обвинетиот за масовното прислушување, Горан Грујевски бил приведен во Хрватска, но денеска добиле ново известување дека тој е ослободен.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол, Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г.“, велат од МВР.

Детали за причините нема. Информацијата дека Грујевски е приведен во Загреб ја објави Клан ТВ.

Грујевски беше обвинет и во случајот Тврдина 2, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување.

Тој е во бегство од 26 јули 2017 кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ