сабота, 27 јули 2024

Фатен осуденик за тешка кражба баран по централна потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера на улицата  Финска го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Тој, како што известуваат денеска од МВР,  бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна  од две години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236. од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ