сабота, 27 јули 2024

Фатен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од 11 години и два месеци

Во атарот на кумановското село Добрешане денеска Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишиле од слобода лицето М.Ф. од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и два месеци.

„М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување шест години, шест месеци и два дена“, појаснуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ