сабота, 28 септември 2024

Фатен бегалец баран со потерница, бил осуден на затвор од три години

Полициски службеници од ОВР Гостивар, во текот на вчерашниот ден привеле лице од Прилеп кое било барано со потерница за издржување на тригодишна казна затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од МВР, полициските службеници го привеле Ѓ.Ш.(29) на улицата Живко Брајковски во Гостивар по претходно издадена судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело разбојништво.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ