сабота, 27 јули 2024

Фатален поздрав на капетанот на несреќниот брод (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Според министерот за животна средина, Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба поради несреќата на Коста Конкордија. Полупотонатиот брод во понеделникот незгодно се премести, предизвикувајќи загриженост дека 2.300те тони гориво во него може да истечат.
„Еколошкиот ризик за островот Гиљо е многу, многу висок“, ја пренесува изјавата на министерот Корадо Клини агенцијата Раша тудеј. „Целта е да се спречи истекување на горивото од бродот. Ние работиме за ова да се избегне. Мора да побрзаме бидејќи времето поминува“.
Резервоарите со гориво на бродот биле речиси полни во моментот на несреќата, бидејќи тој тукушто го започнувал своето еднонеделно крстосување. Бродот користел тешко гориво, кое е комлицирано за испумпување доколку не е загреано или растворено.
Сопственикот на насуканиот брод, Коста Крочиере, во неделата вечерта издаде соопштение во кое се вели дека „првичните индикации се дека е можна голема човечка грешка од страна на капетанот на бродот. Рутата на бродот е премногу блиску до островот, а имаме информација дека при справувањето со настанатата ситуација капетанот не ги следел стандардните процедури на компанијата“.
Во меѓувреме, вниманието се префрли на однесувањето на капетанот Франко Скетино. Капетанот е под истрага и се соочува со обвинувања дека го напуштил бродот пред да се осигури дека сите 4.200 луѓе се безбедно евакуирани.
Набргу по несреќата Скетино беше уапсен по барање на италијанските обвинители.
Беа дадени и други можни причини за смртоносниот удар на бродот во подводната карпа. Беше кажано дека нивото на водата околу островот било неочекувано ниско. Како можна причина беше наведена и техничка грешка на опремата. Но сопственикот изјави дека бродот ги поминал сите безбедносни и технички инспекции за време на процената во 2011, отфрлајќи ја таа можност.
Полицијата продолжува да ја истражува несреќата, која се случи при мирни временски услови, во непосредна близина на островот Гиљо.
Бројот на загинатите се искачи на шест луѓе откако едно тело беше најдено во еден од ходниците во делот на бродот што сѐ уште е над водата. 64 луѓе се повредени во несреќата, изјавија одговорните лица.
По петнаесет луѓе, и патници и членови на екипажот, сѐ уште се трага.
Во меѓувреме, спасувачите обиди запреа бидејќи бродот почна да се лизга во морето.
Патниците на Коста Конкордиа ги обвинија припадниците на екипажот дека биле непрофесионални и неподготвени да ја изведат спасувачката операција. Сведоци изјавија дека им биле потребни цели два часа пред да го почнат евакуирањето.
Прекуокеанскиот брод Коста Конкордиа, со 4.200 патници на него, удри во гребен покрај италијанскиот брег во петокот вечерта. Повеќе од 4.000 луѓе, вклучувајќи 3.200 патници, беа безбедно евакуирани.

Прекуокеанскиот брод Коста Конкордиа насукан крај италијанскиот остров Гиљо

Поглед на насуканиот брод од пристаништето на Гиљо

Спасувачите се обидуваат да спречат еколошка катастрофа

Несреќата на Коста Конкордиа – технички проблем или лоша процена на капетанот?

Фудбалерите на Милан и Интер со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на несреќата

Брод за чистење нафтени дамки во близина на Коста Конкордиа

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ