петок, 18 октомври 2024

Фарски острови направија сензација, освоија бод против големата Норвешка

Ракометарите на Фарски острови ја направија најголемата сензација досега на ЕП 2024, откако по голема борба изборија реми во вечерашната пресметка против Норвешка (26-26) за прв европски бод во историјата.

Објавено на

часот

Сподели

Норвежаните доминираа во целиот меч, додека малата држава во Атлантскиот океан ниту еднаш не беа во водство. Но, храбрите ракометари на Фарски острови во ниту еден момент не се предадоа не дозволувајќи им на противниците да обезбедат поголема предност од највисоките три гола. Норвежаните имаа 26-23 на неколку минути до крајот, но потоа примија три гола во низа и ја пропуштија шанса да ја обезбедат втората победа на ЕП, а со тоа и официјално да го осигурат пласманот во следната фаза.

Останатите два меча не донесоа никаква борба со оглед на огромната разлика во квалитет. Данска ја растури Грција (40-28), додека Шведска немаше мака против Грузија (42-26).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ