вторник, 22 октомври 2024

ФАП е тоа не е играчка: Легендарното возило кое веќе 47 години успешно гаси пожари (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од ЦУК, Ангелов, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во противпожарната отворена канцеларија во непосреден разговор со пожарникарите размениле мислења за оперативните можности и досегашни искуства при гаснење пожари на отворено, особено за шумски пожари.

„Ангелов изрази голема благодарност и им оддаде признание на 30-те кавадаречки пожарникари кои се одѕиваат на секој повик за помош при пожари на територијата на цела држава. При средбата со кавадаречките пожарникари Ангелов беше на пробно возење на легендарниот противпожарен ,,ФАП 13” и лично се возеше заедно со еден од пожарникарите“, соопштија од ЦУК.

Во јуни годинава Центарот за граѓански комуникации објави резултати од изстражување, според кое  34-те противпожарни единици во Македонија работат со 284 возила, од кои што половина се постари од 30 години, а најстарото е од 1966 година и се наоѓа во ТППЕ во Валандово.

Просечната старост на противпожарните возила во земјава е 27 години, а само 15 отсто од противпожарните возила се произведени во последните 10 години.

Најстари возила, со просечна старост од 39 години, има противпожарната единица во Старо Нагоричане, со просечна старост на возила од 38 години е единицата во Кратово. Валандовските пожарникари работат со возила со просечна старост од 36 години.

Најнови противпожарни возила имаат пожарникарите во Велес и Штип, кои се стари во просек по 12 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ