сабота, 27 јули 2024

Фантастична партија на Дејвис за тесна победа на Лејкерс над Торонто (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 132-131 го доби Тороното во неизвесен меч, Далас на свој терен беше поразен од Мемфис со убедливи 120-103.

Објавено на

часот

Сподели

Ентони Дејвис имаше фантастична партија, постигна 41 поен, имаше и 11 скокови, беше главниот играч на Лејкерс во победата над Торонто.

Овој меч беше дотолку неизвесен што во ниту еден момент немаше двоцифрена предност за некој од тимовите. Двете екипи се менуваа во водство, Лејкерс беше подобар во завршницата и на крајот победи со 132-131.

Покрај Дејвис, одличен беше и Леброн Џејмс кој постигна 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во тимот на Торонто Барнс даде 26 поени, Сиакам имаше 25.

Добрите изданија на Ирвинг и Дончиќ не помогнаа Далас да дојде до победа против Мемфис. Маверикс го загубија мечот со убедливо 120-103.

Најефикасен во составот на Далас беше Ирвинг со 33 поени, Дончиќ постигна 31, но двете ѕвезди немаа поддршка од останатите соиграчи. Најефикасен кај Мемфис беше Бејн со 32 поени.

Резултати:
Детроит – Сакраменто 110-131
Орландо – Минесота 92-113
Њујорк – Портланд 112-84
Далас – Мемфис 103-120
ЛА Лејкерс – Торонто 132-131

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ