сабота, 27 јули 2024

Фантастичен пресврт на Клајстерс во Мелбурн

Објавено на

часот

Сподели

Клајстерс беше во негатива од еден сет и 2-6 во тајбрејкот во вториот сет. Но тогаш, како феникс се издигна од пепелта, направи серија од шест извонредни поени и успеа да изедначи, а потоа по добиениот трет сет со 6-4 да ѝ се радува на конечната победа, а со тоа и на пласманот меѓу осумте најдобри во Мелбурн.

„Тешко дека некој очекуваше ваков меч. Кога бев на дното, само продолжив да го правам тоа што најдобро го знам. Се борев како лавица за секој поен и тоа ми донесе резултат“, изјави по мечот Клајстерс.

Следен противник на ветеранката е најдоброрангираната тенисерка на светот, Каролин Вознијацки (Данска), која без поголеми проблеми со максимални 2-0 во сетови ја совлада српската тенисерка Јелена Јанковиќ.

Кај мажите, дербито на вечерта мина во знакот на големиот Роже Федерер, кој му одржа вистинска лекција на младиот Австралиец Бернард Томиќ, кој изненадувачки се најде во осминафиналето на АО. Со максимални 3-0 во сетови, швајцарскиот ас го продолжи походот на нова гренслем-титула измамувајќи бурни аплаузи од публиката во Мелбурн за прикажаното досега на првиот гренслем-турнир годинава.

Неговиот следен предизвик се вика Хуан Мартин дел Порто, кој игра импресивно досега бидејќи не загуби ниту еден сет во досегашните четири меча на терените во Мелбурн. Меѓу осумте најдобри се најде и вториот носител, Шпанецот Рафаел Надал, кој релативно лесно го доби дуелот со сонародникот Фелисијано Лопез (3-0 во сетови). На патот кон полуфиналето популарниот Рафа ќе се сретне со Чехот Томаш Бердих.

Младиот Томиќ беше лесен залак за големиот Федерер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ