понеделник, 21 октомври 2024

Фановите на Левски им порачаа на „Шверцери“: Не доаѓајте во Софија, нема убаво да си поминете!

Објавено на

часот

Сподели

Првиот меч меѓу Шкупи и Левски го одбележаа големи инциденти кои кулминираа со случувањата во Чаир кога беше прободен со нож еден бугарски навивач.

Повеќе фанови на Левски беа уапсени во Скопје, па односите меѓу двете навивачки групи се исклучително тензични.

Во пресрет на реваншот, навивачите на Левски со соопштение им порачаа на „Шверцери“ да не доаѓаат во Софија.

„Националниот клуб на приврзаниците (НКП) на Левски е со категорична позиција за реваншот во четврток. Фановите на Шкупи не треба да доаѓаат. Софија не е место за прошетки, уште помалку по случувањата во Скопје. Гостите нема да си поминат пријатно во нашиот главен град кој веројатно е најдоброто место кое луѓето од населбата Чаир можат да го посетат во нивниот цел живот. Откажете го патувањето во Бугарија! Тука нема добро да си поминете. Нека надвладее разумот! Победникот може да биде само еден, а тоа сме ние!“, стои во соопштението.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ