понеделник, 21 октомври 2024
Покажа дека нема да толерира киксови

Фановите на Јунајтед веднаш се заљубија во Онана, голманот му се дереше на Мегваер по една грешка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед утрово загуби со 2-3 во пресметката против Борусија Дортмунд во Лас Вегас, одбраната повторно им беше слаба точка на „ѓаволите“.

Во финишот на првото полувреме, две грешки придонесоа „милионерите“ да постигнат два гола во две минути, а киксовите беа вообичаена појава и во продолжението од мечот.

На стартот од вториот дел, Хари Мегваер погреши и Але се најде во 100% шанса, но Андре Онана одбрани. Голманот откако ја сочува својата мрежа веднаш му се пушти на дефанзивецот и почна да му се дере.

Со својот потег, Нигериецот брзо ги освои симпатиите на навивачите на Манчестер јунајтед кои на социјалните мрежи го фалат однесувањето на Андре Онана и тоа што голманот јасно покажува дека нема да толерира киксови од одбрамбената линија пред него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ