недела, 23 јуни 2024
Дискусија во грчкиот парламент

Фамелос: Наместо Мицотакис да го продлабочи Договорот од Преспа тој остави простор за иредентизам

„Грција треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот“, истакна во грчкиот парламент претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката со Северна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада, јави МИА од Атина.

„За Северна Македонија, јасно да кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: Ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот“, посочи Фамелос.

Дополнително тој потенцира дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Северна Македонија“.

„Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија“, рече Фамелос.

Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

„Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели ‘ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес’. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри“, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ