среда, 23 октомври 2024

Фалат осум пратеници за уставни измени, секое доцнење група граѓани бараат бугарски пасоши, вели министерот Османи

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправата за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии.

„Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи за содржината на уставните измени. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематично“, рече Османи на денешната прес-конференција.

Според Османи, недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени. 

Во однос на барањата на опозицијата, Османи рече дека ДУИ е подготвена веднаш да потпише дека ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

„Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени“, рече Османи.

За ниту едно од 35-те поглавја, Договорот и Протоколот со Бугарија не е услов за отворање и затворање на поглавјата. Договорот со Бугарија е само во општиот впечаток за добрососедските односи, но за тоа не се гласа во Европската унија. Нема да има ниту писмен извештај од страна на Европската комисија во однос на степенот на реализација на Договорот со Бугарија, категоричен е шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Сѐ друго, според него, е пропаганда. Се сомневам, рече Османи на денешната прес-конференција, дека радикалите од двете држави имаат некој премолчен договор.

„И сега некој ќе ми каже дека со спомнувањето на Бугарите како посебно малцинство во Уставот ќе се бугаризира државата, а не со земање на пасоши со кои сами се пријавувате дека по потекло сте Бугари. Затоа сум кажал дека често се сомневам оти меѓу радикалите од двете држави има некој премолчен договор – ние ќе ја задржиме државата да не напредува, а вие продолжете со својата мисија за бугарски пасоши“, истакна Османи. 

Секое доцнење за членство во ЕУ, како што посочи, една група македонски граѓани добиваат бугарски пасош, а за да го добијат, треба да одат во Софија и да се пријават дека се Бугари по потекло и да обезбедат стан во којшто живеат.

„Најнепатриотски и најштетен чин кон државата е нашиот пасош да биде подреден на бугарскиот пасош. Овој процес на пасошизација е најголемата платформа за бугаризација“, оцени Османи на денешната прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ