сабота, 27 јули 2024
Шефицата на словенечката дипломатија

Фајон: Уставните измени се геостратешка итност

Објавено на

часот

Сподели

„Денес проширувањето стана геостратешка итност и затоа уште еднаш и посакувам на Северна Македонија многу храброст, многу самодоверба, цврста работа“, рече Фајон повторувајќи дека уставните измени се клучни за Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ и денеска повтори дека уставните измени се единствениот чекор за да се продолжи евроинтеграцијата. 

„Во извештајот за напредокот за оваа година Европската комисија ни упати силна порака дека треба да продолжиме и да ја интензивираме работата на овој пат на кој сме до сега и да го зајакнеме доброто ниво на подготвеност. Имаме прогрес во 80 отсто од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје. Тоа не значи дека сме завршиле се, но значи дека имаме добра основа да продолжиме понатаму“, рече Маричиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ