недела, 16 март 2025

Фајненшл тајмс: Си Џинпинг одби да дојде на самитот во Брисел

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја одби поканата да дојде во Брисел на самитот по повод 50-годишнината од дипломатските врски меѓу ЕУ и Кина, пренесе денеска Фајненшл тајмс (ФТ).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пекинг им кажа на претставниците на ЕУ дека премиерот Ли Кианг наместо со Си ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Комисијата, соопшти ФТ, повикувајќи се на две неименувани лица запознаени со ова прашање.

Кинескиот премиер обично присуствува на самитите кога тие се одржуваат во Брисел, додека претседателот е домаќин во Пекинг, но ЕУ сака Си да присуствува на одбележувањето на половина век односи меѓу Пекинг и Унијата, пренесува весникот.

Тензиите меѓу Брисел и Пекинг се зголемија по руската инвазија на Украина во 2022 година, а ЕУ ја обвинува Кина дека го поддржува Кремљ, пишува ФТ. Минатата година Европската Унија воведе царини за увоз на кинески електрични возила.

„Неформалните разговори се во тек, како за одредување датум за самитот ЕУ-Кина оваа година, така и за нивото на застапеност“, изјави официјален претставник на ЕУ, додека кинеското министерство соопшти дека не може да коментира за ова прашање.

Европската Унија не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ