сабота, 19 октомври 2024

Фајнанс тинк: Неизвесноста во економијата останува

Објавено на

часот

Сподели

Јавната потрошувачка ја продолжи патеката на консолидација (-5,9%), што е соодветно и на пониско-остварениот буџетски дефицит во однос на планираниот (само 8,2% за целиот квартал), а поради значајната потреализација на капиталните инвестиции на државата (10,9%), и поради консолидацијата на буџетската ставка стоки и услуги (18,9%). Забавувањето на економијата е видливо во земјоделството (0,1%) и индустријата (0,8%) и во повеќе услужни дејности, додека градежништвото и трговијата, транспортот и хотелите забележаа значаен раст кој надминува 10%.  

р

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13,3%, што е задржување на трендот на намалување, но во серијата настанаа структурни методолошки промени поради што директна споредба со претходните бројки не е можна. Вработеноста изнесува 45,1%, додека активноста на пазарот на труд 52%. Поради наведените структурни промени, точната динамика не може да се утврди, но се чини дека останува присутна тенденцијата на пазарот на трудот одредена од падот на вкупното, работоспособното и вработеното население и продолжената пасивизација на пазарот на труд која почна уште за време на пандемијата. 

Во првиот квартал од 2023, инфлацијата забави на 16,1% на годишна основа, откако го постигна својот врв од 19,3% во претходниот квартал. Забавувањето, исто како и растот претходно, е водено од спласнувањето на глобалните притисоци кај цените на енергијата и кај повеќе групи од храната, но базичната инфлација, која ги исклучува овие компоненти, и понатаму покажува значајна упорност, што налага понатамошна затегнатост на монетарната политика и исклучителна внимателност на фискалната политика.  

ј

Неизвесноста во економијата останува и понатаму присутна, со изразени тенденции за забавена економска активност во остатокот од годината. 

Институтот за економски аналзии Фајнанс тинк ја намалува проекцијата за раст на БДП во 2023 на 2,0% од претходните 2,4%, а проектираниот раст на цените од 8,9% останува непроменет, двата со нагласена неизвесност. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ