сабота, 19 октомври 2024

Фајнанс тинк: Фифти – фифти, претходната влада не реализира 51 отсто од ветувањата

Фајнанс тинк (Finance Think) објави првични резултати од своето истражување за резултатите од работењето на претходниот владин состав, за периодот 2020-2024 година и соопшти дека во поглед на ветувањата и остварените резултати за резултатот може да се каже „фифти-фивти“, односно, нереализирани се 51 отсто од ветеното.

Објавено на

часот

Сподели

Економијата не постигна одржлив, забрзан и инклузивен економски раст од 4% до 2024 година, а инвестициите за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност останаа далеку под ветените 2 милијарди евра, анализираат во Фајнанс тинк.

„Стапката на невработеност не се симна на едноцифрено ниво, и покрај ветувањето, а индикаторите за вработеноста и активноста на младите и жените забележаа пад или стагнација, наспроти ветените зголемувања, Прагот за ДДВ регистрација не беше подигнат на 3 милиони денари, и покрај ветувањето“, наведува Фајнанс тинк во кусото известување за медиумите и наведува дека продолжуваат со работа на проширена верзија на „Економски компас“, со следење поширок сет економски, социјални, развојни индикатори, со посилен фокус врз младите и жените.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ