Исто како и ривалот Хајдук кој на клупата го има Џенаро Гатузо, Динамо се одлучи за италијански стратег, тие вечерва го потврдија Фабио Канаваро за нов тренер.
Уште утринава Фабрицио Романо најави дека прв избор на Динамо Загреб е Фабио Канаваро, а вечерва тоа и се официјализираше.
Динамо во моментов се наоѓа на третата позиција во хрватскиот шампионат со 29 бодови, односно седум помалку од Риека и Хајдук Сплит по 18 одиграни кола во домашното првенство.