сабота, 27 јули 2024

ФА Куп драма со среќен крај за Јунајтед, малку фалеше да бидат елиминирани од Ковентри (ВИДЕО)

Неверојатно полуфинале од ФА Купот, малку фалеше Манчестер јунајтед од готово да направи вересија, сантиметри го делеа Ковентри од финале, но загуби на пенали.

Објавено на

часот

Сподели

Со голови на Мектоминеј и Мегваер, Манчестер јунајтед водеше со 2-0 по првото полувреме. Во 58. минута гол даде и Бруно Фернандеш за 3-0. Во тие моменти се чинеше дека работата е завршена, но не беше.

Во 71. минута Симс даде гол за 3-1, а потоа погоди и Охара за 3-2. Во судиското продолжение од мечот Ковентри доби пенал, Рајт погоди за 3-3. Мечот отиде во продолжение.

Пред самиот крај на продолженијата се случуваше нова драма. Најпрво Симс од идеална позиција ја погоди пречката од голот на Онана.

Во 121. минута Ковентри даде гол преку Торп и се израдува на победа од 4-3, но погодокот беше поништен поради офсајд. Само сантиметри недостасуваа да победат.

Пенал серијата почна лошо за Манчестер јунајтед, Касемиро го промаши првиот шут, но подоцна фудбалерите на Ковентри не реализираа два пенали и фаворитот победи на крајот.

Во финалето Манчестер јунајтед ќе игра против градскиот ривал Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ