Околу 11:55 часот по Гринич европската валута изгуби 0,23 отсто во однос на доларот кога се менуваше 1,0332 долари за евро, по падот до 1,0314 долари за евро, што е најниско ниво на еврото од крајот на ноември 2022 во однос на американската валута.
На девизниот пазар доларот зајакна и во споредба со британската фунта, која падна за 0,51 отсто, кога една фунта вредеше 1,2453 долари, по најниското ниво од април 2024, од 1,2435 долари за фунта.
„Станува збор едноставно за продолжување на тенденцијата на раст на доларот забележан во текот на вториот дел од минатата година, особено по победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори“, вели аналитичарот на фирмата Ај Бел Рас Мулд за Франс прес.
Од друга страна јапонската валута јен се држи во однос на доларот, профитирајќи од оптимизмот на јапонските економисти поради новото кревање на каматните стапки на централната банка во 2025 година.
Во Соединетите Американски Држави централната банка Федерални резерви предвидува само две спуштања на референтната каматна стапка оваа година, во однос на четирите планирани претходно. Аналитичарите проценуваат дека Европската централна банка би требало да ги намалува своите каматни стапки со поспоро темпо од Фед, имајќи го предвид слабиот економски раст во земјите од еврозоната, каде инфлацијата се движи кон зацртаните два отсто кои ги зацрта ЕЦБ.