петок, 26 јули 2024

Евростат потврдува дека плаќаме најскапа струја во регионот

Домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја од земјите во регионот. И покрај субвенциите што се напишани на секоја сметка за електрична енергија, со што, како што тврдат од Владата, се штити стандардот, македонските граѓани плаќааат поскап киловатчас од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Ова го покажуваат и најновите податоци на Евростат за првата половина од 2023 година. Дали во иднина ќе плаќаме најскапа струја во регионот зависи која понуда за универзален снабдувач ќе ја избере власта.

Објавено на

часот

Сподели

Според Евростат, во првата половина на 2023 година, еден киловатчас енергија во Албанија чинел 10,1 евро за 100 квч, додека во Македонија е нешто поскап и изнесува 10,5 евра за 100 киловатчаса. Семејствата во Албанија и во Македонија плаќаат повеќе за енергијата што ја трошат во споредба со другите земји во регионот, покажуваат податоците објавени од Евростат. На Косово за еден киловатчас домаќинствата плаќале 0,067 евра. Во Турција 0,084 евра за еден квч, Босна и Херцеговина 0,087 евра, Србија 0,096 евра и Црна Гора 0,096 евра.

Во Македонија во тек е јавниот повик на Владата за избор на универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи за наредните пет години.

Министерот за економија Крешник Бектеши јавно изјави дека ќе биде избран оној понудувач што ќе даде најмала маржа на цената на струјата, а тоа значи помала од сегашната маржа на ЕВН хоум од 11,5 отсто.

Помалата маржа понудена од универзалниот снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе придонесе во иднина македонските домаќинства да плаќаат пониски сметки за електрична енергија, велат владините претставници.

Рокот за пријавување на овој тендер е 12 јануари, а досега освен австриската компанија ЕВН хоум и грчката компанија ЕДС, учество најавија уште неколку компании. На тендерот заинтересираните треба да достават писмена понуда, по што ќе се оди на електронска аукција.

ЕДС, како една од најсериозните учесници на овој тендер веќе најави многу пониска маржа од сегашната. Зад компанијата ЕДС стои грчката ППС, лидер во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа. Неодамна од ЕДС соопштија дека нивната понуда на јавниот повик ќе биде со најниска профитна маржа, но истовремено тие се сомневаат во целокупната постапка и во непочитувањето на фер-условите за учество на јавниот повик за универзален снабдувач.

Јавниот повик за универзален снабдувач завршува на 12 јануари.  Новиот универзален снабдувач треба да почне од јуни  2024. На потег е Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ