Според нејзините зборови, европските политичари, кои се премногу свртени кон Вашингтон, ја уништуваат Европска Унија.
„Европа е опкружена со војни и со кризи, па итно треба да реши кои се нејзините сопствени интереси, а не во сѐ да им се покорува на САД. Европските политичари сето време, покорувајќи му се на Вашингтон, ја уништуваат ЕУ“, рече Вагенкнехт.
Германскиот новинар Робин Александер во својата ТВ-емисија ја обвини Вагенкнехт дека дејствува премногу „проруски “ во својата програма за учество на европските избори.
Сара Вагенкнехт ги отфрли обвинувањата дека ги промовира руските интереси и истакна дека соработката внатре во Европа ѝ е мошне важна. Таа исто така изјави дека нејзиното движење не добива пари од Русија: „Не ни ни требаат пари од Русија. И во иста мера, не ни требаат пари ниту од американската држава.“
Според нејзините зборови, единствениот прилог што можело да ја поврзе со Москва и за кој германските медиуми наголемо известуваа беше само тој од 75 евра.
Левичарската политичарка истакна дека за неа е незамислива каква било соработка со партијата Алтернатива за Германија поради значителните разлики во врска со прашањата од социјалната и од економската политика.
Но обидите на Берлин да ја забрани АфД ги нарече глупави. „Зошто за забрана се разговара сега, а не пред пет години? Сега за тоа се расправа бидејќи АфД доби толкава сила. Затоа оваа расправија за забрана е подарок за АфД и доказ за неуспехот на демократијата,“ оцени Сара.