сабота, 27 јули 2024

Европските медиумски групи го тужат Гугл поради загубите во рекламирањето

Европските медиумски групи денеска поднесоа тужба до Гугл барајќи да плати казна од 2,1 милијарди евра бидејќи претрпеле загуби поради начинот на кој компанијата го врши дигиталното рекламирање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во тужбата поднесена од 32 медиумски групи, тие тврдат дека Гугл за да нуди стоки ја користи својата монополска позиција на пазарот.

„Медиумските компании што се приклучија во тужбата претрпеле загуби поради помалку конкурентниот пазар, што е директен резултат на лошото однесување на Гугл“, се вели во соопштението на нивните адвокати.

Во соопштението се наведува дека компаниите би добиле значително поголеми приходи од рекламирањето и би плаќале помали давачки за рекламните услуги.

„Она што е најважно, овие средства можеа да се реинвестираат во зајакнувањето на европскиот медиумски пејзаж“, велат адвокатите.

Гугл соопшти дека компанијата се противи на тужбата, нарекувајќи ја „шпекулативна и опортунистичка“.

„Гугл конструктивно соработува со издавачите низ Европа. Нашите алатки за рекламирање се адаптирани и развиени во партнерство со истите тие издавачи“, велат од компанијата.

Медиумските групи што ја поднесоа тужбата вклучуваат издавачи во Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ