Според Фајненшал тајмс, од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година произлегува дека 176 фирми забележале обезвреднување на својот имот и дополнителни трошоци поради промената на работењето во Русија.
Во овој буџет на се пресметани индиректните трошоци како поскапувањето на енергенсите и стоката.
Најголемите загуби се сконцентрирани во неколку сектори како енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.
Три компании во енергетскиот сектор – Бритиш петрол, Шел и Тоталенерџеис – соопштиле дека повлекувањето од Русија ги чини околу 40,6 милијарди евра, но ФТ наведува дека тие загуби се надоместени со растот на профитот поради растот на цените на нафтата и гасот.
Загубите на автомобилската индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании и инвестициските компании – изгубил 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.
Гледано по земји, најмногу изгубиле компаниите од Германија, Франција и Британија.
Над 50 отсто од вкупно 1.871 европската компанија кои пред војната во Украина работеле во Русија се и понатаму активни во таа земја.
Во Русија и понатаму работат италијански Уникредит, австриски Рајфајзен, швајцарски Нестле и британски Унилевер.