сабота, 27 јули 2024

Европскиот удел во рускиот извоз на нафта паднал на околу пет отсто

Русија очекува извозот на нафта и нафтени деривати во Европа да ја чини максимално четири до пет отсто од испораките во 2023 година, кажа потпретседателот на руската влада Александар Новак.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно во Европа испорачувавме од 40 до 45 отсто од нафтата и нафтените деривати, а оваа година очекуваме таа бројка да не е поголема од четири до пет отсто од вкупниот извоз“, кажа Новак, а пренесува руската државна агенција ТАСС.

Улогата на главни одредишта во актуелните услови ја преземаа Кина и Индија, додаде рускиот министер, истакнувајќи дека уделот на Кина во извозот изнесува 45 до 50 отсто. Извозот во Индија силно пораснал, кажа рускиот вицепремиер. „Претходно речиси не извезувавме во Индија за во изминатите две години вкупниот удел на извозот во Индија да порасне на околу 40 отсто“, кажа Новак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ