сабота, 27 јули 2024

Европскиот сојуз најави учество на изборите со Самоопределување од Косово

Косовската партија Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти најави дека ќе биде дел од албанската опозиција на изборите во Македонија. На промоцијата на заедничката канцеларија на коалицијата Европски сојуз за промена (Беса, Алтернатива и Демократско движење) беше најавено дека на сојузот ќе им се приклучи и Самоопределување од Косово. На промоцијата присуствуваше Бесим Ќоку, советник на Курти.

Објавено на

часот

Сподели

„Ме радува фактот дека на овој убав сончев ден, во нашиот опозициски фронт се приклучи и Движењето Самоопределување, и дека после промената во Косово и во Прешевска долина, заедно ќе ја носиме долгоочекуваната промене и кај Албанците во Северна Македонија“, истакна Изет Меџити.

Албанскиот опозициски блок вчера отвори нова заедничка канцеларија во Старата скопска чаршија.

„Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување“, изјави Меџити.

Во однос на нивното барање за член во Државната изборна комисија (ДИК), Меџити го повтори ставот дека ќе ги искористат сите демократски средства, па дури и порадиклани, повторувајќи дека можно е напуштање на Собранието. Рече дека „се соочуваат со тенденција за фалсификување на изборите од страна на актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери“.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето обраќање нагласи дека оваа коалиција од партиски сојуз се претвора во, како што рече, сенароден сојуз.

Додека претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, оцени дека канцеларијата ќе биде место кој ќе служи на народот и оти новата влада  ќе им служи на граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ