сабота, 27 јули 2024

Европскиот парламент преиспитува дали Унгарија е погодна да претседава со Европската унија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателството е одговорно за ангажманот и работата на законодавството на ЕУ и мора да делува како фер и неутрален посредник, а тоа е услов што Унгарија, поради бројните конфликти со ЕУ, нема да може да го исполни, се наведува во предлог парламентарната резолуција.

„Парламентот преиспитува како Унгарија може веродостојно да ја исполни оваа задача во 2024 година, имајќи го предвид непочитувањето на правата на ЕУ и вредностите содржани во член 2 од Договорот за Европската унија и како може да се придржува до принципот на искрена соработка“, стои во предлог резолуцијата, која ќе биде усвоена во четврток, на 1 јуни.

Во согласност со договорот на сите влади на ЕУ од 2016 година, Унгарија треба да претседава со блокот меѓу јули и декември 2024 година. Календарот е веќе променет поради пристапувањето на нови земји-членки, но уште една промена, во чија позадина се проблеми на држава членка со почитувањето на владеењето на правото, би била без преседан.

Унгарија долго време е во судир со ЕУ за голем број прашања – владеење на правото, корупција на високи нивоа, недоволна независност на судството, прекршување на академските слободи и правата на ЛГБТК заедницата. Поради ова ЕУ замрзна милијарди евра наменети за Будимпешта.

Унгарската влада со години преговара со ЕУ за овие прашања, но постигнат е мал напредок. Одлуката дали да се промени календарот на претседавањето со ЕУ со цел да се одложи или целосно да се откаже унгарското претседавање со блокот е во рацете на владите на другите членки на Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ