сабота, 27 јули 2024

Европскиот парламент додели награда на Махса Амини и на иранското женско протестно движење

Иранско-курдската активистка, Махса Амини која почина во полициски притвор минатата година, и иранското женско движење „Жени, живот и слобода“, кое таа го инспирираше во Иран, ја добија наградата Сахаров, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата и изразувањето.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на пленарната седница на Парламентот во Стразбур изјави дека „бруталното убиство на 22-годишна девојка започна женско движење кое испишува историја“.

Амини почина на 16 септември 2022 година, откако беше држена во затвор од иранската полиција за морал, затоа што не ги почитуваше правилата за покривање на главата.

Шефот на парламентарната група на либералите, Стефан Сежурне, рече дека во „мракот на иранската тиранска, религиозна диктатура, храброста на Махса Амини и движењето Жени, живот, слобода донесе светлина на целата нација“.

Тој додаде дека целта на оваа награда е да го спречи згаснувањето на таа светлина.

Европскиот парламент ја доделува наградата Сахаров од 1998 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободата на говор, името го носи по Андреј Сахаров, познатиот советски физичар и политички дисидент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ