сабота, 27 јули 2024

Европски сојуз за промени: Лажен е пи-арот на власта дека цената на струјата е намалена

Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја, обвинија денеска од Европскиот сојуз за промени (ЕСП). Во меѓувреме, лидерите на Европскиот сојуз за промени ја продолжија посетата на Вашингтон, САД.

Објавено на

часот

Сподели

Во моменти кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната Влада уште повеќе ги удира со драстично поскапување на струјата. Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да стигнат до граѓаните, изјави денеска на прес конференција Фари Хисени од ЕСП.

Правејќи математика колку едно семејство месечно троши струја само за греење, тој реке дека ако се пресмета дека на сите ни треба не само греење, туку и да подготвуваме храна, да користиме машина за перење, да стоплиме вода, тогаш, како што кажа Хисени, на крајот од месецот нѐ чека огромна сума пари што треба да се плати и на тој начин Владата го празни целиот семеен буџет.

„Дали знаете кои корисници се ослободени од струја? Само оние кои веќе ги напуштиле домовите бидејќи и да ги запалеле светилките пак ќе го надминат првиот блок. Не дека ние сме сиромашни, туку тие не крадат во секоја сфера од животот, не крадат во храна, во егзистенција, во струја. Па, патем, и меѓународната заедница предупреди дека корупцијата и кражбите станаа епидемија. Според ова, излегува дека лажен е пи-арот на власта дека е намалена цената на струјата. Тоа е само уште една чиста лага“, рече Хисени.

Според ова логика, рече тој, нашите деца треба да се греат само со една греалка на овие ниски температури, додека „тие нѐ крадат и трошат милиони“.

Хисени тврди дека Европскиот сојуз за промена во партнерство со народот ќе стави крај на „ваквото лошо владеење“.

Во меѓувреме, лидерите на Европскиот сојуз за промени ја продолжија посетата на Вашингтон, САД.

Како што информираа од коалицијата, фокусот на средбите во САД со високи претставници на американскиот Конгрес продолжува да биде силната поддршка што американската држава треба да и ја даде на Македонија за остварување на заедничките стратешки цели, како што е полноправното членство во евроатлантските структури.

„Ова значи и искоренување на последното руско влијание во нашата земја, како што се обидите да се обноват актерите на про-кремљската династија преку злоупотреба на правниот систем и уништување на демократијата. Нашиот регион, сега повеќе од кога било, е изложен на ризик од ескалација на ситуацијата. Секој канал на влијание треба да биде отсечен од злонамерна пропаганда, особено во овие важни моменти за конечно решавање на односите на Косово со Србија“, велат од ЕСП.

Во Македонија, земја членка на НАТО, велат оттаму, не треба да има место за политичари кои гледаат во минатото, додека поддршката е само за оние кои се вистински посветени на иднината на земјата и што поскоро интегрирање во европското семејство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ