сабота, 27 јули 2024

Европски сојуз за промени: Главната пречка за во ЕУ е во ДУИ

Веќе сите знаат дека главната пречка и кочница за интегрирањето на нашата земја во ЕУ и за владеењето на правото е ДУИ, соопшти Европскиот сојуз за промени.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа неодамна го потврдија и од ЕУ преку холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој директно реагираше на средбата со Али Ахмети за сите политички притисоци што се вршат врз претседателката на Врховниот суд, г-ѓа Беса Адеми, бидејки таа не подлегна на политичките и медиумските притисоци оркестрирани од ДУИ за враќање на Никола Гуевски во земјата. Во оваа насока реагираше и амбасадорката на САД во земјата Ангела Агелер, која за притисоците врз председателката на Врховниот суд изјави дека Судскиот совет не успеа целосно да ги исполни своите законски обврски и дека граѓаните на државата заслужуваат подобро. Исто така, неодамна реагираше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, неговата екселенција Дејвид Гир, кој истакна дека последните измени во Кривичниот законик донесоа зголемување на неказнивоста во земјава. Политичките притисоци врз Судскиот совет беа забележани и во последниот извештај на Европската Комисија, најскандалозниот и најлош извештај за Северна Македонија досега.

Но, каков беше одговорот на ДУИ по овие пораки?

Преку официјалното соопштение, ДУИ меѓу другото потенцираше – „што се однесува до Врховниот суд, Ахмети подвлече дека е во надлежност на Судскиот совет да постапува според законите… без притисоци од внатре и од надвор“. Истиот став го повтори и Артан Груби во телевизиска дебата.

Да застанеме малку овде и да го анализираме политичкото влијание на ДУИ во Судскиот совет.

Милазим Мустафа, денес член на Судскиот совет, претходно беше советник на 3 министри за правда од редовите на ДУИ, и тоа Аднан Јашари, Валдет Џафери и Билен Саљији, и тој е токму личноста која иницираше разрешување на Беса Адем, и во една на седниците кога истата беше на распит, според медиумите и се заканувал со затвор.

Селим Адеми, денес член на Судскиот совет, претходно беше секретар на општина Гостивар додека Невзат Бејта беше градоначалник, и советник во Министерството за правда додека Блерим Беџети беше министер.

По сите овие изнесени факти, заедно можеме да заклучиме дека злото, корупцијата, мешањето во судството има име.

На 8 мај, ќе и ставиме крај на оваа ситуација. Во оваа битка сме сите заедно, Европскиот Сојуз за Промена, чесните граѓани, меѓународниот фактор, прогресивните сили, граѓанскиот сектор, додека на другата страна е оваа корумпирана каста која ги напаѓа и албанските професионалци дури и на нивните работни места, кои единствениот спас го гледаат во Никола Груевски. Промената доаѓа“, соопшти Европскиот сојуз за промени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ