сабота, 27 јули 2024

Европски сојуз за промени: ДУИ дава тендер на српското подземје

Членовите на бордот на фирма на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, Омер Буњаку и Артин Спахиу, сите од ДУИ, потпишале договор во вредност од 3.700.000 евра со компанијата ХТЛ Македонија со сопственици од Белград, велат од Европскиот сојуз за промени.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ им дава тендер во вредност од 4 милиони евра на луѓе од српското подземје, обвинува Европски сојуз за промени во врска со договор потпишан меѓу Државна лотарија и компанијата ХТЛ Македонија за набавка на апарати за игри на среќа.

Во овие последни денови од годината, кога албанската партија на власт се обидува да им фрли пепел во очите на Албанците фалејќи се дека го земааат техничкиот премиер, ја продлабочува соработката со компании од Белград, чии сопственици, според српските медиуми, се криминални структури од српското подземје. Значи, пред јавноста патриоти и фалбаџии, додека позади камери ги зајакнуваат врските со Белград преку нивниот офицер за врски, Перпарим Бајрами.

Сакаме да ја информираме јавноста дека неодамна компанијата „Novo VLT“, која е во сопственост на Државна лотарија, каде членови на Бордот се Перпарим Бајрами, Омер Буњаку и Артин Спахиу, сите од ДУИ, потпишале договор во вредност од 3.700.000 евра со компанијата ХТЛ Македонија, со сопственици од Белград, додека предмет на овој договор е снабдувањето со 462 ВЛТ-апарати за уништување на семејствата и животот на нашите граѓани. За информација на јавноста, пред една година, кога со Државна лотарија раководеше кадар од една друга партија, за 500 ВЛТ-апарати платено е два милиона евра, односно двојно помалку од сега.

Имајќи ги овие информации, јавно го прашуваме курбанот на Артан Груби, Перпарим Бајрами, дали овие валкани работи ги договорил во локалот „Lafayette Cabaret Club” во Белград, и во чии џебови завршиле овие два милиони евра?

Кога сме тука, ја прашуваме и Демократската унија за интеграција зошто не се толку храбри да ги заштитат интересите на Косово кога директно се загрозува територијалниот интегритет од српски терористи, а се толку желни за соработка со криминогени структури во Србија?

Дали можеби овие валкани бизниси со српското подземје се причината што некогаш беа погласни за проектот на Александар Вучиќ Отворен Балкан, отколку да го заштитат Косово денес“, се вели во соопштението на Европски сојуз за промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ