По пауза од 13 години, Тиквеш играше европски натпревар, а кавадарчани ја наполнија салата „Јасмин“ им дадоа голема поддршка на своите ракометари кои дојдоа до значаен триумф.
Победата на Тиквеш можеше да биде и многу поубедлива, во самиот финиш кавадаречкиот тим имаше водство од седум голови разлика, но Австријците направија серија од 3-0 и се изборија за пораз со четири гола. Конечниот резултат гласеше 33-29.
Најефикасен во составот на Тиквеш беше Обина Ани кој постигна десет погодоци, одличен беше и Страхиња Симиќ кој даде седум. Во составот на гостите по пет гола дадоа Симек, Розман, Аус и Хесечиќ.
Реваншот во Австрија се игра на 21. октомври, ако ја задржи предноста од Кавадарци, Тиквеш ќе се пласира во 1/16 финалето од Европскиот куп.