сабота, 27 јули 2024

Европски фронт: Мицкоски не може да го раскине договорот со Бехтел и Енка

„Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка“, реагира коалицијата Европски фронт по вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.

Објавено на

часот

Сподели

„Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.

Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата.

Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција Вреди, губитниците на парламентарните и претседателските избори?!

Досега во овие неколку дена не нарекоа ‘македонски Албанци, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада“, се вели во реакцијата на Европски фронт и на крајот се поставува прашањето:

„Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови“?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ