вторник, 22 октомври 2024

Европската федерација на новинари му испрати порака на Вучиќ: Ги загрозуваш новинарите од целиот регион

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и мрежата Сејф џурналистс вчера објавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 август ги нападнал новинарите од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово и го повикаа да престане да го прави тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека Вучиќ го направил тоа на прес-конференција во Белград, по повод протестите на граѓаните против ископувањето на литиум во Србија.

ЕФЈ и мрежата Сејф џурналистс, како што наведуваат во соопштението, изразуваат целосна солидарност со новинарите кои беа мета на Вучиќ, пренесе Бета.

Тие го повикаа него, како и српските власти, да се воздржат „од оваа еклатантна шема на вознемирување на новинарите и медиумите поради критичкото известување“ и наместо тоа „да обезбедат почитување на основните гаранции за слободата на медиумите“.

Во соопштението го повикаа Вучиќ да им обезбеди на новинарите работна средина без заплашувања и политички притисоци.

„Задачата на медиумите е објективно и критички да известуваат за настани од јавен интерес, вклучително и за активностите на властите“, наведуваат од мрежата Сејф џурналистс.

Претседателката на ЕФЈ, Маја Север, изјави дека „ЕФЈ е вознемирена од континуираните напади на Вучиќ врз медиумите“.

„Овој пат, со таргетирање на медиумите од соседните земји во јавниот дискурс, Вучиќ не само што ја попречува работата на српските новинари, туку ги загрозува и новинарите од целиот регион“, рече Север.

На 11 август, Вучиќ ја искористи можноста да впери со прст кон новинарите кои известуваа за протестите, меѓу кои и „Ослобоѓење“ од Сараево, „Јутарњи лист“ и „Дневно.хр“ од Загреб, Н1 и Нова.рс од Белград и списанието „Слободна Босна“.

Критикувајќи го медиумското покривање, Вучиќ изјави: „ги разбирам директните преноси на Куртиевите медиуми. Ја разбирам фасцинацијата, воодушевувањето и заканите, како што велат во „Ослобоѓење“. Борба против злосторствата на Вучиќ“. Така вели „Слободна Босна“: Ова може да ја доведе Србија до граѓанска војна, па „Јутарњи лист“, па „Дневно“, исто така најавуваат и се надеваат на граѓанска војна во Србија“. Вели „еден автократ сака да ја опустоши природата за да остане на власт. Го разбирам нивниот ентузијазам. Ја разбирам нивната желба да ги влошат работите за Србија. Немам проблем со тоа“.

Во соопштението се наведува и дека базата на податоци Медиа фридом рапид респонс евидентирала осум случаи на вербална злоупотреба на српски новинари од страна на претседателот Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ