недела, 20 октомври 2024

Европската централна банка ќе ѝ упати приговори на Италија за оданочување на банките

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото ЕЦБ ќе го критикува фактот што Рим минатата недела го најавил воведувањето на данокот, а без претходно да ја извести италијанската централна банка ниту ЕЦБ, иако тоа треба да го направи според правилата на Европската Унија, пишува италијанскиот весник не наведувајќи извори.

Тој даночен ризик би ги ослабел италијанските банки и нејзината економија генерално, ќе истакне ЕЦБ во писмото кое ќе биде испратено најдоцна „за неколку недели“, се наведува.

Во обид да ја зацврсти својата политичка база, италијанската конзервативна влада минатиот понеделник објави изненадувачка одлука дека ќе ја оданочи со еднократен данок од 40 отсто големата добивка на банките, добиена од голема продажба на акции на банките, и тоа не само на италијанските туку и на останатите банкарски џинови во еврозоната.

Потоа за помалку од 24 часа подоцна делумно се повлече, објаснувајќи дека максималниот износ на данокот кој банките ќе го платат ќе биде во висина од 0,1 отсто од вредноста на нивниот имот.

Со еднократниот данок се оданочува големата добивка која банките ја оствариле благодарение на порастот на каматните стапки. Италијанското министерство за финансии со тој данок треба да собере нешто помалку од 3 милијарди евра. Но пред објаснувањето дека се воведува максимална граница на оданочувањето, пресметките укажуваа на значително поголеми суми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ