сабота, 21 декември 2024

Европратеник на прошетка по Москва: Ние сме Словени. Рускиот народ не ослободи од фашизмот (ВИДЕО)

Словачкиот пратеник во Европскиот парламент Љубош Блаха ја посети Москва „за да се заблагодари за ослободувањето од фашизмот“ и „да се извини за русофобијата на Западот“. Во четириминутното видео, објавено на социјалните мрежи, Блаха шета по московскиот Црвен плоштад истакнувајќи го „словенското братство“.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Русија е сè уште убава, сè уште мудра и сè уште напредна. Ве молам, да престанеме со омразата кон Русија. Дојдов во Москва како пријател на Русија, бидејќи повеќе не можам да гледам како расте русофобијата на Западот“, кажа Блаха додавајќи дека ќе се поклони пред споменикот на советскиот воен командант Георги Жуков.

„Рускиот народ нè ослободи од фашизмот и поднесе неверојатна жртва за нас. Многу ми е жал поради сите овие воинствени, нетрпеливи и буквално фашистички резолуции кои Европскиот парламент ги усвојува против Русија. Ние сме Словени, никој нема да нè натера да ја мразиме Русија“, додаде тој.

Блаха, кој во јуни за прв пат беше избран во Европскиот парламент, порача дека ја отфрла понатамошната воена поддршка на Киев и санкциите против Русија, кои Западот ги наметна како реакција на инвазијата на Русија во Украина во 2022 година. „Ќе се потсетиме на историската вистина: фашизмот и војната доаѓаат од Западот, слободата и мирот доаѓаат од истокот“, кажа Блаха, кој припаѓа на партијата Смер на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Откако Фицо се врати на власт минатата есен, најави дека ќе ги објави односите со Русија ако војната во Украина заврши за време на неговиот мандат, а истакна и дека конфликтот во Украина може да заврши само ако Киев се откаже од дел од својата територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ