сабота, 27 јули 2024

Евролигата ја затвора вратата за малите екипи

Објавено на

часот

Сподели

Ова натпреварување има статус на елитистичко бидејќи најголем дел клубови имаат договор со организаторот, а само мал процент од учесниците правото за настап го стекнуваат преку националните, односно регионалните првенства.

Од сезоната 2012/13, наместо две групи со вкупно 16 екипи, ќе биде организирана само една квалификациска група со осум тима, од кои единствено победникот на турнирот ќе добие право да влезе во елитното друштво. Сезонава во квалификациите настапуваа екипи како чешки Нимбурк, полски Туров, украински Доњецк, летонска Рига, црногорски Будуќност, турски Банвит, за кои во наредниот циклус тешко дека ќе има место во евролигашкото друштво, макар и во квалификацискиот дел. Евролигата во последните две децении е само мислена именка за македонските клубови, кои изминативе неколку години воопшто не се ни обидуваат да излезат на европска сцена во некој од понереномираните натпреварувања.

Ова не е единствената промена во најсилното кошаркарско натпреварување за следната сезона. Во втората фаза најдобрите 16 тима наместо во четири ќе бидат поделени во две групи со по осум тима. Главна причина за тоа е екипите да имаат поголем број мечеви што автоматски носи поголем приход за привилегираните.

Натпреварувањето од четврт-финалето нема да го промени форматот, односно во завршницата повторно ќе се одигра финалниот турнир со четирите најдобри екипи, по две од обете групи од Топ 16-фазата..

Новитет од следната сезона е и тоа што натпреварите ќе се играат в четврток и в петок, со цел да се избегнат термините во кои се играат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони, со што ќе се направи обид за привлекување поголема публика во кошаркарските арени, како и поголем интерес за продажба на ТВ-правата.

Формат на Евролигата за сезона 2012/13

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ