сабота, 27 јули 2024

Еврокомесарот за проширување: Црна Гора е на вратата на завршниот дел на преговорите

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји изјави дека се надева дека меѓувладината конференција во јуни ќе ја доведе Црна Гора до завршната фаза на пристапните преговори со Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Има уште мерила кои Црна Гора треба да ги исполни. Имаме нова влада во Црна Гора и нова политичка конструкција која почна да ги испорачува“, кажа еврокомесарот на форумот „ЕУ се сретнува со Балканот“ во Софија.

Истакна дека „не е важно колку е мала одлуката“, но дека сите мора да се донесат сега. Вархеји истакна дека во витален интерес на ЕУ е да дојде до нејзино проширување што е можно побрзо и дека следното свикување на Европската комисија ќе биде со членовите кои се на крајот на својот мандат.

„Проширувањето мора да се случи, тоа е јасно. Од витален интерес е што побрзо да се дојде до проширувањето, а ние напорно работиме за да ги дочекаме новите ЕУ членки. Вратата е отворена и можеме да ги постигнеме неопходните реформи“, кажа Вархеји во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ