понеделник, 21 октомври 2024
Со добиена гаранција од локалната власт и сите политички партии

ЕВН влезе во Слупчане, конечно се договорија со жителите да ја поправат струјата

Објавено на

часот

Сподели

„Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9 август, годинава“, информираа од ЕВН.

Жителите на село Слупчане не плаќаат струја со години, ја оштетуваат електричната мрежа, а од пред неколку дена обидите на екипите на ЕВН да ги средат работите повторно завршија со селски бунт.

Без струја се шест околни села од Општина Липково, а неколку часа без струја беше и граничниот премин Табановце.

Жителите на Слупчане и вчера ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат. Истото се случи и пред три недели. Повторно беше оштетена трафостаницата, па без струја останаа и Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ