петок, 18 октомври 2024

ЕВН прв спонзор во Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата ЕВН ќе биде првиот акционер во Бордот на АД Вардар Скопје, покрај веќе постојните носители на проектот за ренесанса на црвено-црните, град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор (ЈПССДП). Одлуката за трансформација на клубот уште во октомври ја донесе Советот на Градот и Вардар за неколку дена треба да ја официјализира трансформацијата.

„Според новиот закон за спорт, сите субјекти, пред сè во колективните спортови треба да се трансформираат во АД. Напорно работевме на тоа поле во изминатиот период и Вардар за неколку дена ќе биде прв клуб со АД. Во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Министерството за правда, отворени сме да помогнеме за целосна трансформација на клубовите, кои законски тоа треба да го сторат најдоцна до 31 јули“, рече претседателот на клубот, Зоран Шишковски.

Трансформацијата помалку го закочи клубот, но во втората половина на јануари ќе се расчисти ситуацијата и таа ќе го креира создавањето на проектот Европски Вардар.

„Со трансформацијата во АД ќе се знае повеќе. Ние ќе имаме почиста ситуација, ќе видиме кој сè ќе биде покрај Градот и ЈПССДП, буџетот може да биде поголем. Тогаш ќе кажеме што се планираме“, додаде Шишковски.

Вардар за 2012 година ќе има буџет од неполн еден милион евра и тоа 30 милиони денари од Градот Скопје и 29 милиони денари од ПУИК. Градот Скопје го има мнозинскиот пакет на акции од 51 отсто.

Првпат во историјата на македонскиот спорт, транспарентно е познато со колку пари располага еден спортски колектив. Покрај акционерите и слободни акции на берза, управата на клубот најави и преговори со поранешните спонзори за нивно преточување на поранешните влогови во акции.

Поради процесот на трансформација, вардарци пред два дена со ист состав тргнаа во подготовката за пролетниот дел од сезоната, каде што ќе го брани есенското лидерско место во обид по неполна деценија да се врати шампионската титула во клубот.

Н.Б.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ