сабота, 27 јули 2024

ЕВН по барање на пожарна два часа ја исклучи струјата во Тетово поради пожар

Скоро два часа голем дел од тетовското градско подрачје беше без снабдување со електрична енергија. Прекинот од 16 до 18 часот според компанијата Електродистрибиција бил направен по барање на Територијалната противпожарна единица, а со цел да се изгасне пожар и да се спречат поголеми проблеми.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

„Дел од тетовското градско подрачје попладнево имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија по итно барање на противпожарните служби со цел да се спречи поголема несреќа бидејќи во одредена локација настанал пожар. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на лице место“, информираше Вјоса Селими портпарол на Електродистрибуција.

По надминување на ситуацијата, според Електродистрибуција, снабдувањето со електрична енергија е повторно нормализирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ